Share on Facebook
Share on LinkedIn

“Lingual” на латински значи “на страната на јазикот”. Лингвалната ортодонција значи корекција на недобро подредените заби со помош на апарат кој е поставен на внатрешната страна на забите. Така подредувањето на забите се изведува без да се забележи апаратот. Не постои возрасна граница за спроведување на ортодонтски третман, со еден основен предуслов здрави заби и непца. Многу често се мисли дека протезите се наменети само  за помладата популација, за децата. Луѓето грешат кога мислат “Прекасно е за мене”, бидејќи лингвалните протези ги задоволуваат и највисоките естетски барања на возрасните пациенти.Естетски порцелански самолигирачки протези

Лингвалните протези се особено погодни за спортисти (поради намалената можност за повреда), свирачи на дувачки инструменти, како и на личности кои се јавно експонирани.

Forestadent линвалните протези кои ние ги користиме се многу тенки,  не предизвикуваат иритација на јазикот и скоро воопошто да не предизвикуваат проблеми со говорот. Периодот на адаптација е многу брз.