Share on Facebook
Share on LinkedIn

МОБИЛНИ ПРОТЕЗИ

Подвижните протези ги придвижуваат забите во подобра положба со благи интермитентни сили. Се применуваат најчесто кај деца со мешовита или рана трајна дентиција. Тие можат да ја наведнат коронката на забот без особено да ја променат положбата на коренот. Се употребуваат во комбинација на опруги, штрафови и нагризни бедеми со цел корекција на вкрстен загриз, длабок преклоп на забите, како и случаи на слаба до умерена збиеност на забите.

ФУНКЦИОНАЛНИ АПАРАТИ

Овие мобилни апарати служат за подобрување на соодносот на вилиците. Ортодонтите се обучени со помош на дентофацијалната ортопедија да делуваат на меѓувиличните дисхармонии. Кај пациенти во раст функционалните протези се применуваат да ги постават вилиците во меѓусебен баланс, да постигнат добра избалансирана функција на мускулите и да создадат природни лицеви пропорции. Фунционалните апарати доаѓаат во различни форми и со различни имиња. Најчесто користени се активатори и Твин блок протези.

Функционалните апарати можат да се користат сами, пред или во текот на фиксната терапија. Ние ќе поставиме точна дијагноза и ќе го одредиме вистинскиот третман за Вас.

ТРЕЈНЕРИ

Лошите миофункционални навики како неправилна позиција и функција на јазикот и дишење на уста се често причина за лошо подредени заби и недоволно развиени вилици. Самото име на Trainer системот кажува дека е дизајниран за да ја ретренира мускулатурата. Ова помага во корекција на поставеноста на забите и вилиците.

Ако се остават нетретирани лошите миофункционални навики како дишење на уста, неправилно голтање и тискање на јазик ќе влијаат врз правилниот развој на вилиците и лицето. Затоа треба што порано да се детектираат и елиминираат.